Хумористичното шоу „Монти пајтон“ слави 50. јубилеј

На 5 октомври 1969 година, пред 50 години, „Би-би-си“ ја прикажа првата епизода од хумористичното шоуто „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“, кој ја смени британската и светската комедија. Шоуто не наликуваше на ништо што дотогаш беше видено и се сметаше за револуција во поп-културата. Мајк Пејлин, Тери Џонс, Џон Клиз, Ерик Ајдл и Греам Чепмен, кои ги играа главните улоги, за кратко време станаа омилени ликови во целиот свет.

Познатата хумористична серија, базирана на апсурд, цинизам и исмејување на секаков вид авторитет, имаше 45 епизоди, а се емитуваа во неколку циклуси од октомври 1969 до декември 1974 година. Името на серијата „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“ настанало делумно и поради угледот кој актерите го имале во „Би-би-си“. Мајкл Милс, еден од шефовите во забавната програма, инсистирал зборот „циркус“ да биде вклучен во името на серијата, затоа што за групата момчиња во „Би-би-си“ велеле дека „се шетаат низ зградата како циркус“.

Освен серијата, главните ликови снимија и неколку филма, а најпознатиот од нив е „Житието на Брајан“.

Актерите, пак, последен пат се собраа заедно во 2013 година.

Текстот Хумористичното шоу „Монти пајтон“ слави 50. јубилеј е превземен од Reporter.mk.