Игра тенис 26 години и сè уште нема победа во кариерата

Италијанецот Енрико Бекучи, 26 години игра тенис професионално и досега го загубил секој натпревар во кариерата. 47-годишниот Бекучи досега одиграл 270 натпревари. „Вол Стрит Џрнал“ го нарече Бекучи „Легенда на челенџерите“ бидејќи од 1994 година, кога почнал да игра, нема ниту една победа. Но, Италијанецот не сака се откаже.

„Играм за таа една победа, само една. Кога ќе победам, ќе се повлечам“, рекол Бекучи.

Тој игра и во поединечна конкуренција и во парови. Последниот настап на тениски турнир му беше лани во декември, кога на турнирот во Анталија загуби во двојки.

„Релативно доцна почнав да играм тенис, на девет години, откако татко ми ми купи дрвен рекет. Се заљубив во тенисот, израснав со Лендл, Мекинро, Виландер, Конорс и генијалецот Гиљармо Виљас. Тенисот е мојата страст, а со натпревари почнав на 21 година. Знам дека е доцна, но имам само една цел – да победам“, раскажал Бекучи.

Текстот Игра тенис 26 години и сè уште нема победа во кариерата е превземен од Reporter.mk.