Илон Маск сака да им ја украде славата на вистинските херои во Тајланд?

Една од најсложените акции за спасување во историјата имаше среќна завршница и сите 12 момчиња и нивниот тренер беа безбедно извлечени од пештерата во Тајланд.

Сега на крајот на целата оваа драма многумина се прашуваат. Што Илон Маск работел таму? Првиот човек на „Тесла и „Спејс X“ бил активен за време на целата операција на социјалните мрежи и постојано упаднувал во командниот центар и ја нудел својата помош.

Некои поради тоа го фалат, но многумина го криткуваат и обвинуваат дека им пречи на спасувачите и ја користи ваквата тешка ситуација за своја самопромоција. Како и да е, помошта на Маск на Тајланд на крајот не била потребна. Изумителот и милијардер понуди специјално дизајнирана мини подморница која би можела да мине низ тесни и опасни премини. Сепак командантот на операцијата ја одби неговата помош, затоа што подморницата била целосно непрактична за мисијата за спасување.

Маск по прв пат се огласи пред шест дена на Твитер преку видео порака, во која сугерирал дека би можел да им помогне на заробените деца.  Маск веднаш ги повикал властите во Тајланд и им ја понуди помошта. За почеток ги испратил своите инжинери специјалисти за бушење, но тој негов план пропаднал поради технички проблеми.

Тогаш стигнала идејата да проба со детска подморница, односно дел од ракетата на „SpejsX Falkon“. Спасувачите веднаш предупредија дека подморницата може да ги блокира премините во шуплината, но тој им порача дека ќе направи реплика од подморницата и ќе провери дали некадед истата ќе може да заглави.

Два дена Маск во пештерата ја испробувал подморницата, но таа сепак не била употребена. Милијардерот ја остави подморницата во Тајланд за секој случај ако им биде потребна.

Сите напори Елон Маск да им помогне на спасувачите во голем дел кај јавноста предизвикаа воодушевување, но голем број на луѓе не се премногу сигурни во искреноста на неговите намери.

„Секој кој барем малку познава географија и машинство, знае дека подморницата на Маск е целосно неупотреблива за оваа мисија. Јас знам малку подобро, затоа што студирав машинство. Но, тој од неа не сакал да се откаже до последен момент и светлото на рефлекторите го насочи кон себе си. Илон не си во право“, напишал на Твитер Вишна Нарајан, а со слично мислење е и Шон Лајтбрајн.

Just got back from Cave 3

A post shared by Elon Musk (@elonmusk) on

„Чекајте дали е можно Маск да се промовира на операцијата за спасување на децата!?“

„Зошто Илон Маск сака да ја земе славата на храбрите спасувачи од Тајланд?“, прашува еден корисник во коментарите на социјалните мрежи.

„Илон Маск е вистински мајстор за самопромоција и тој сигурно знае како да се најде на насловните страни. Но, да бидеме искрени. Човекот се вклучи во операцијата дури кога армија фанови го молела да помогне, пред тоа воопшто не се огласуваше“, вели еден специјалист од Би-Би-Си за технологија, Рори Целан Џонс.