Инстаграм ви ги брише фановите

Голем број на луѓе кои се корисници на социјалната мрежа „Инстаграм“, преку ноќ останале без 500, па дури и 1000 фанови и следбеници. Славните лица се во уште полоша состојба, затоа што од нивните профили биле избришани милиони следбеници.

Дури и од официјалниот профил на Инстаграм биле избришани милиони следбеници. Компанијата, која е во сопственост на Фејсбук, засега не издала официјално соопштение по повод овој случај.

Сепак повеќето луѓе кои се запознати со овој проблем и претставуваат ескперти во оваа област, велат дека станува збор за ненајавено бришење на спамови, ботови или неактивни профили.

Ова не е прв пат одговорните во Инстаграм да прават вакво нешто слично. Всушност некои експерти за социјални мрежи велат дека можно е бришењето да се случува веќе некое време, само што во текот на една ноќ, да било изведено најмасовно досега. Поради тоа повеќето корисници ја забележиле оваа промена.

 

 

Текстот Инстаграм ви ги брише фановите е превземен од Reporter.mk.