Интересни факти за омилените филмови што не сте ги знаеле

Секој филм има по некоја тајна, а популарниот сајт „Брајт сајд“ откри неколку помалку познати факти за некои од најпопуларните филмови.

1. Џулија Робертс одбила да ја сними сцената во која е гола во филмот „Убавата жена“, па затоа била ангажирана двојничка. Ричард Гир, пак, побарал на постерот за филмот да му се затемни косата. На сликата тој има црна коса, а во филмот му е веќе побелена.

2. Една од најкомплицираните сцени за време на снимањето на филмот „Титаник“ била вечерата за патниците во прва класа. Проблем создавал фактот дека имало многу ситни детали на кои за време на снимањето требало да им се обрне внимание, како што се лицата во позадина, кратките изјави и слично. На вториот ден од снимањето на истата сцена сите веќе биле малку уморни, но упорно се смееле, па снимањето се повторувало. Во едно од последните преснимувања, Леонардо ди Каприо згрешил и ја прашал Кејти Бејтс дали знае која вилушка ја користеле за лоботомија.

3. Сцената на депилирањето во филмот „Четириесетгодишна девица“ била вистинска. Стив Карел бил издепилиран бидејќи режисерот мислел оти така сцената ќе биде поубедлива. Сцената се снимала со пет различни камери, поставени на пет различни страни, за да се добие подобар ефект.

4. Глумецот Ед Хелмс останал без еден заб пред да почне снимањето на филмот „Мамурлак“. Кога ја снимал сцената во која му паѓа забот, тој само го извадил вештачкиот заб кој не му бил залепен и го продолжил снимањето.

5. Режисерот на филмот „Сјаење“, Стенли Кјубрик, овој филм наместо 17 го снимал 51 недела. Дијалогот меѓу Шели Дувал и Џек Николсон го снимал 127 пати, а култната сцена „Еве го Џони“ се снимала три дена и за неа биле искршени 60 врати.

 

Текстот Интересни факти за омилените филмови што не сте ги знаеле е превземен од Reporter.mk.