Ирска манекекна се самоубила по добиените пораки на Фејсбук

Ирската манекенка Али Мекдонел и мајка на три деца, си го одземала животот по примените пораки на социјалните мрежи. Серијата на пораки кои ѝ биле испратени ја истрауматизирале Али до тој степен што таа решила да посегне по својот живот.

Во пораките кои ги виделе службите, таа го молела нејзиниот гонител да не ѝ се доближува и остане подалеку од неа. Недолго пред нејзината смрт, таа оставила порака на Фејсбук пишува британски „Сан“.

„Зошто е ок мажот да ја нарече жената дебела грда ку**а? Тоа е нов степен на туркање на личноста преку сите граници“, напишала Али.

Али имала само 36 години ѝ била мајка на четири деца. Нејзиното семејство и пријатели велат дека се скршени од сознанието за нејзината смрт.

Али студирала во Даблин, а неодамна го прославила 21 роденден на нејзината помлада сестра. За нејзините деца на социјалните мрежи постојано пишувала дека претставуваат нејзиниот свет.

Ирската манекенка е позната по тоа што се залагала за будење на свеста за аутизмот кај луѓето. Пријателите на социјалните мрежи ја преплавиле со коментари за нејзината убавина и внатрешна и надворешна.

„Навистина тажно. Каква надворешна и внатрешна убавина. Не е важно колку си била убава, туку како си се чувствувала. Беше горда жена, а твоите деца ќе растат знаејќи колку нивната мајка била силна. Почивај во мир убавице. Сјај како дијамант каде и да се наоѓаш“, напишала една нејзина обожавателка по име Стефани Велан.

Али станала амбасадорка на аутизмот, откако открила дека нејзините две деца исто така боледуваат од оваа болест.

Текстот Ирска манекекна се самоубила по добиените пораки на Фејсбук е превземен од Reporter.mk.