Изберете костим за капење според обликот на задникот

Ако сакате да носите костим за капење што совршено ќе одговара на вашето тело, долниот дел изберете го според обликот на задникот, а не тој што најмногу ви се допаѓа. Стилистите велат дека различни костими за капење одговараат на различни типови задник. Тие советуваат дека како да ги истакнете облините, а да ги скриете недостатоците.

Мал задник – бразилки или бикини

Жените со мал задник можат да носат минијатурен долен дел, со богати и интересни дезени. Еден од моделите кои најдобро одговараат на ваквиот задник се бразилските т.е. плитките бикини костими на врзување. Овие кроеви го нагласуваат долниот дел од телото и колковите.

Рамен задник – боксерки или бразилки

Задникот кој нема нагласен профил, ниту колкови, дозволува да носите плитки боксерки или бразилки кои акцентот го ставаат на колковите. Исто така, ресите, лентите и сличните додатоци се и повеќе од добредојдени.

Широк задник – широк костим

Широкиот задник нема нагласен профил, а неговиот волумен е во колковите. Ако сакате да го оттргнете вниманието од тој дел, изберете костим кој од страните е широк. Поширокиот дел ги покрива колковите и акцентот го става на нозете, што визуелно ги продолжува и ги прави повитки.

Заоблен задник – ретро

Жените кои имаат нагласени, заоблени колкови и заоблен задник, можат да носат модели со висока половина што се протега до под папокот или над него. Моделите треба да бидат со висок засек, акцентот да биде на бутовите и визуелно да ги издолжи нозете.

Сплескан задник – бикини на врзување

Задникот кој не е нагласен во колковите, а од профил изгледа сплескан совршено ќе дојде до израз со помош на бикини на врзување. Препорачливи се и модели со ремени кои ќе го привлечат погледот кон долниот дел од телото. Бикините нека бидат отворени на задникот и со поголем засек, така ќе предизвикаат пуш-ап ефект.

Срцевиден задник – костим со висока половина

Овој облик на тело изгледа убаво во костим со висока половина со дебел страничен дел и ремен. Ременот ќе ги прикрие „спојлерите“ и делот од стомакот, а вниманието ќе биде на препоните и бутовите.

Заоблен, спуштен задник – бразилки

Нагласениот задник кој се спушта преку страничниот дел од бутовите може да изгледа многу заводливо благодарение на бразилките. Овој крој е понизок, така што на страничниот дел има висок засек. Ако не ви се допаѓа толку обичен модел, тогаш одберете крој кој е тенок од страните, а задниот дел е со висок засек.

Низок нагласен задник – костим на врзување

На задникот кој на долниот дел е најмногу изразен, а во пределот на колковите е тесен, најмногу му одговараат модели со изразени детали на колковите. Најдобар избор се пошироките костими кои од двете (или од едната) страни имаат врвки или некој сличен додаток. Овој крој го нагласува горниот дел од задникот за визуелно го балансира обликот.

Текстот Изберете костим за капење според обликот на задникот е превземен од Reporter.mk.