Јапонец купил туна за речиси 2 милиони долари

Огромна туна од 276 килограми е продадена за 1,8 милиони долари на годишна аукција на риби во Токио. Атланската туна е проценета на околу 6400 долари по килограм, а е продадена на рибен пазар во Токио. Купецот е сопственикот на фирмата „Кијомура“, кој управува со ланецот на суши ресторани „Занмаи“.

„Се чувствувам уште посреќен поради победничката понуда, затоа што ова е прва аукција во ерата на ‘Реива’“, изјавил претседателот на компанијата Кијоши Кимура.

Тој додал дека се работи за многу пари, но дека сака купците да ја пробаат најдобрата туна. Рибата е уловена во Оми, град во северниот дел на Хонша, најголемиот јапонски остров.

Оваа неверојатна цела е втора најголема во историјата во Јапонија, откако властите во 1999 година почнале да ги бележат цените. Рекордот е поставен минатата година кога Кимура за 278 килограми тешка туна, платил речиси 3 милиони долари.

Текстот Јапонец купил туна за речиси 2 милиони долари е превземен од Reporter.mk.