Јапонска принцеза се откажа од круната за да се мажи со трговец

Јапонската принцеза Ајако, ќерката на покојниот принц Такамодо, одлучила да се омажи за трговецот Кеиј Морију и поради тоа мора да се откаже од титулата, но за возврат ќе добие помош во вредност од неколку милиони долари.

Принцезата со идниот сопруг ги запознала нејзината мајка, принцезата Такамодо, која ги познавала родителите на Кеиј бидејќи неколкупати соработувале со локалната невладина организација. Принцезата Ајако има мастер диплома од социјална работа во добротворни цели, а таа страст ја дели и со идниот сопруг, пренесува CNN.

Лани и принцезата Мако, првата внука на јапонскиот цар Акихита, исто така се откажа од кралското семејство за да се сврши со Кеиј Камура.

До 2006 година, кога се роди принцот Хисахито, јапонската династија Јамато била без машки наследник за престолот, па Јапонците тогаш ја разгледале можноста да им дозволат на жените да ја наследат круната, откако ќе се случи абдикацијата на Акихита, која е најавена за следната година.