Јавноста бара руската медицинска сестра која прошета полугола, да биде унапредена во главна сестра

Руската медицинска сестра која прошета меѓу пациентите, заразени со коронавирус, во проѕирна заштитна облека, со само долна облека на себе, сега ја предложуваат за главна сестра во болницата.

Рускиот портал „Тула Њуз“, минатата недела објави фотографија од медицинската сестра во регионалната болница во Тула, кога во работното време, меѓу пациентите помина со проѕирно заштитно одело, преку видливо бикини.

Сликата предизвика лавина реакции ширум светот и за кратко време беше објавена уште една фотографија од медицинската сестра. Сестрата одговори дека не знаела дека одделото е толку проѕирно и дека била само во долна облека поради високите температури во болницата.

Од Регионалното Министерство за здравство, објавиле дека сестрата е казнета поради кршење на правилата за медицинска облека, но јавноста покажа разбирање за нејзината постапка.

Наместо казна, во коментарите на социјалните мрежи се бараа таа да биде наградена и да биде поставена за главна сестра во болницата.

Во коментарите се укажувало и на интересната случајност со рударите од истиот град, кој во хит серијата на „Нетфликс“, „Чернобил“, беа слично облечени кога копаа до реакторот на уништената нуклеарна централа. Поради високата температура, тие мораа работата да ја извршуваат голи.

Поранешниот главен санитарен лекар на Русија, Генадиј Онишченко, го објасни однесувањето на медицинската сестра како неадекватно, додека застапникот на Долниот дом на руската Дума, Николај Валуев, ја пофали девојката.

Официјалниот претставник од синдикат на медицински работници, Андреј Коновал, ја нарече дисциплинската мерка како прекумерен одговор на негодувањето на јавноста.

„Сестрата не знаела дека се гледа долната облека и јас и верувам“, изјавил Коновал.

Инаку, постот со фотографијата на руската медицинска сестра постигна околу 17.000 лајкови меѓу корисниците на „Редит“ ширум светот.

Текстот Јавноста бара руската медицинска сестра која прошета полугола, да биде унапредена во главна сестра е превземен од Reporter.mk.