Како да го добиете она коешто отсекогаш сте го сакале?

Сите наши мисли и чувства доминираат при нашето донесување одлуки.

Значи, доколку сте премногу негативни, лесно ќе ви се расипе животот. Кога навистина сакате позитивни промени, би требало да работите на нив. Денес ќе ви кажеме како да го користите законот на привлекување среќа и како да го стимулирате мозокот да создава само добри идеи.

Што е закон на привлечноста?

Законот на привлечноста е универзален принцип спрема кого го привлекуваме сето она на кое се фокусираме. Ова е моќта на мозокот, која навистина може да ги претвори сите наши соништа во реалност.

Ако се сконцентрирате на чувството на анксиозност, стрес или страв, тогаш ќе создадете само негативна енергија, а таа ќе се врати кон вас со вишок. Универзумот не бира што ќе биде најдобро за вас, вие самите бирате дали универзумот ќе биде позитивен или негативен спрема вас.

Почнете анализа

Одвоите малку време за размислување. Кога имате појасна претстава околу тоа што ви е потребно, мозокот ќе го спреми вашиот ум и ќе ви ги поврзе мислите и ќе побара решение за стварните акции. Доколку правилно се сконцентрирате, ќе можете да им се приближите дури и на најневеројатните достигнувања.

Средете ги мислите во својот ум

Колку сте послободни во своите мисли, толку полесно ќе се фокусирате на она што е важно. Едноставен начин на чистење на главата е да почнете длабоко да дишете. Обидете се да не брзате, да затворите очи, длабоко да вдишете и да издишете.

Запишете ги своите цели

Кога ќе утврдите она што навистина го сакате и го напишете на хартија, тоа ќе ви помогне да ги поправите одредените позитивни емоции во својот ум. Следетете ја формулацијата, променете го „Сакам да добијам унапредување“ во „Ќе добијам унапредување“ или „Ќе победам на натпревар“.

Моќта на размислувањето околу тоа како ќе се промени вашиот живот, ќе ви помогне да почувствувате многу позитивно возбудување однатре и ќе ве исполни со мотивација.

Визуализирајте ги вашите цели

Замислете дека веќе сте го постигнале посакуваното. Како се чувствувате? Со кого го делите својот успех? Што јадете прво по ваква победа? Визуализацијата на вашиот иден среќен живот ќе послужи како потсетување на она кон кое тежнеете начелно.

Направете колаж што ќе виси над вашата работна површина – со помош на исечок од списание, печатен цитат, фотографија или најава за продажба на луксузен имот. Вложете вистинска енергија во овој план и ќе почувствувате како вербата се зајакнува секој ден.

Преземете акција

Сега кога позитивната енергија е веќе привлечена, можете да продолжите со реалните акции. Сетете се дека од небо ништо нема да ви падне, па дури и ако сте освоиле на лотарија, прво морате да купите тикет за неа. Редовно обраќајте внимание на тоа да се концетрирате на своите желби и размислете околу новите начини за постигнување на она што го сакате.

Работете на стравовите, затоа што тие се главната пречка во среќниот живот. Обратете внимание на промените кои се случуваат во вашиот живот, на вашите односи со луѓето и расположението воопшто. Брзо ќе пронајдете потврда дека идете по прав пат и постепено ќе ги ослободите идеите дека животот може да се изградува само низ екстремен стрес.

Текстот Како да го добиете она коешто отсекогаш сте го сакале? е превземен од Reporter.mk.