Како изгледа денес Есмералда?

Мексиканската глумица Летиција Калдерон и на 50 години е згодна и секси. Таа денес е русокоса и воопшто не наликува на црвенокосата девојка која се прослави со улогата на Есмералда, во истоимената серија од 1997 година. Летиција во серијата глумеше заедно со Фернандо Колунга, кој и денес е еден од најпопуларните глумци во Јужна Америка. Иако Летиција не престанува да снима филмови и сапуници, публиката и понатаму најмногу ја памети токму по улогата на слепата девојка, Есмералда.

 

Летиција има две деца, синот Марио и ќерката Кармен. Два пати се омажила и два пати е разведена.

Текстот Како изгледа денес Есмералда? е превземен од Reporter.mk.