Какви пријатели се хороскопските знаци

Бикот е верен, Скорпијата е одмаздољубива, Ракот е злопамтило. Секој хороскопски знак е различен како пријател. Некои се претставуваат како пријатели и навистина го мислат тоа, други се преправаат и лажат.

Овен

Овните се многу импулсивни и постојано се борат за правда. Не поднесуваат кога некој си игра со човечките емоции, па затоа веднаш им помагаат на луѓето во неволја. Така и стекнуваат пријатели. Немаат нерви за оние кои имаат многу проблеми и им ја црпат енергијата со зборови, а притоа не преземаат ништо. Секогаш се подготвени да помогнат, а со оглед на тоа што се снаодливи и духовити, секогаш го пренесуваат својот ентузијазам и на околината.

Бик

Кога некој ќе му стане пријател, тоа останува засекогаш. Биковите се лојални, верни и посесивни. Немојте да го налутите со тоа што ќе му зборувате за некој друг, подобар пријател од него, бидејќи тешко му е да ја поднесе помислата дека си поминувате поубаво со други луѓе. Пријателите ги ценат по начинот на кој реагираат кога нему ќе му затреба помош дури и да не можат да му помогнат во моментот.

Близнаци

Најчесто се потпираат самите на себе, без разлика што обично се опкружени со луѓе. Збунуваат со својот пристап во секоја прилика, бидејќи секогаш имаат логични и прифатливи решенија за оние кои бараат помош од нив. Забавно им е да склопуваат нови контакти, сакаат да разговараат и да собираат информации кои добро ќе му дојдат на некој нивен пријател, но може да бидат употребени и против нивниот непријател. Тие се опасни играчи, без разлика дали ви се пријатели или непријатели.

Рак

Никогаш нема да ви кажат отворено дека сте им неопходни, туку одоколу ќе очекуваат сами да претпоставите дека им треба помош. Ако не му помогнете кога ќе му биде потребно, ракот е големо злопамтило и само ќе го чека моментот за да ве потсети на тоа. Поради променливото расположение, раковите се несигурни како пријатели, бидејќи секогаш се под нечие влијание. Умеат подобро да разберат отколку да помогнат, па затоа раскажете му го вашиот проблем како да е нечиј друг, бидејќи тогаш можат да бидат објективни.

Лав

Лавовите имаат големо срце, им годи кога некој ќе им се заблагодари за стореното дело иако никогаш не инсистираат на тоа. Сепак, сакаат да бидат пофалени, особено пред другите. Повеќе сакаат да им помагаат на другите, отколку самите тие да зависат од нечија помош. Самодовербата, професионалното задоволство и парите им даваат чувство на моќ и влијание врз луѓето што ги гледаат првпат во животот, но никогаш не се фалат со тоа.

Девица

Девиците само чекаат некој да им се обрати за помош. Тие се чувствуваат исполнето тогаш кога им помагаат на другите и тешко дека ќе ги фатите неспремни ако им се пожалите. Ги исклучуваат емоциите што на прв поглед може да делува сурово, но вниманието го фокусираат на вашиот проблем и објективно ги поставуваат работите на свое место. Девиците се бесценети како пријатели, а ако ви се непријатели, бидете секогаш блиску до нив.

Вага

Иако може да делуваат површно, вагите се одлични пријатели, затоа што се родени адвокати. Тие умеат да сослушаат, посоветуваат, бидејќи се ставаат во улога на вашиот непријател и размислуваат како него. Ќе бидат тука за вас под услов да не ги малтретирате кога се на фризер или козметичар, но сигурно уште веднаш ќе почнат да размислуваат како да ви помогнат. Не сакаат да бараат помош од своите пријатели и очекуваат тие самите да се понудат, па честопати пропуштаат одредени можности и шанси.

Скорпија

Не треба да ги имате скорпиите за непријатели, а ако ви се пријатели, сметајте на нивната безграничност лојалност и верност. Доколку им доверите тајна и им ја отворите душата, никогаш нема да го злоупотребат тоа. Кога се изневерени, лошо му се пишува на оној кој ги разочарал, бидејќи не се откажуваат додека не се одмаздат. Им треба време за да стекнат доверба и да прифатат некого како пријател, од кого секогаш ќе очекуваат да ја почитува нивната приватност.

Стрелец

Доколку ги имате за пријатели, ќе направат сè за да ви помогнат, но внимавајте да не ги налутите, бидејќи знаат да бидат многу незгодни и одмаздољубиви. Ако побарате совет од стрелците, иако ги одбираат зборовите, влегуваат во сржта на проблемот, па немојте да се зачудите ако се почувствувате по малку повредени. Не можат да се дружат со секого, бараат пријатели кои се слични на нив, па затоа знаат да делуваат снобовски.

Јарец

За да бидете нивен пријател, прво мора да поминете одредени тестови и проверки, за кои најверојатно нема ни да бидете свесни. Доколку побарате помош од Јарците, ќе се изненадите од тоа колку добро ќе ве разберат. Подобро е да ги имате за пријатели отколку за непријатели, бидејќи никогаш не забораваат ако сте ги издале или изневериле.

Водолија

Водолиите се потполно слепи кога се нивните пријатели во прашање, оти што и да направат, тие ги правдаат. Многу опуштено ги градат пријателствата, кога било и каде било. Секогаш имаат добра тема за разговор. Кога ќе се најдете во неволја, не прашуваат кое време е од денот или ноќта, ќе се појават таму каде што треба. Го решаваат проблемот и исчезнуваат, а не ни очекува благодарност, бидејќи се многу благородни во суштина.

Риби

Рибите се родени психолози, па затоа нема подобро рамо за плачење од нивното. Но одбегнувајте да им се доверувате, ако имате колеги родени во тој знак (бидете сигурни дека сите ваши проблеми и слабости ќе им ги пренесат на шефот). Сочувствуваат со другите, но умеат да го почувствуваат и она што го носите длабоко во себе, тага или долготраен проблем, па затоа ќе ве придобијат засекогаш. Кога пријателите им бараат помош, секогаш имаат време и се задлабочуваат во нивните проблеми додека не пронајдат решение или помош.

Текстот Какви пријатели се хороскопските знаци е превземен од Reporter.mk.