Какви се хороскопските знаци во староста

Овен
Овновите и во старост нема да се откажат од спортските активности, но ако во случај на болест се спречени да спортуваат, ќе бидат вистински плачковци. Ќе се обидат да го задржат ритамот на дневните обврски како кога биле млади.

Бик
Биковите и во староста ќе се вртат околу матерјалното богатство. Нема лесно да го делат. Во случај на матерјална сиромаштија во старост, ќе станат незадоволни и огорчени.

Близнаци
Близнаците се друштвени лица, и поради тоа и во староста ќе се дружат. Ако до себе имаат сличен партнер никогаш нема да им биде досадно, староста ќе им биде исполнета со разни активности и патувања. Ако останат сами, нема да им треба долго да ги обноват старите познанства или да стекнат нови.

Рак
Целиот живот се чувствителни, а тоа нема да се смени ни во старост. Доколку имаат семејство, староста ќе им биде исполнета со посети, а ако останат сами, ќе поминат тажна старост полна со меланхолија.

Лав
Своите вистински, претерани или измислени приказни постојано ќе им ги прераскажуваат на блиските. Ако  навистина нешто постигнале во животот, ќе бидат многу горди.

Девица
Ќе се занимаваат со своите дневни активности и ќе уживаат во ситници. Доколку имале среќен живот и брак, ќе бидат задоволни и во старост. Девиците сакаат да имаат домашна аптека во која ќе наоѓаат лек за физички и психички тегоби.

Вага
Идеал гледаат во брачниот живот, па и во староста ќе успеат да ја препознаат својата друга половина. Љубовта и искреноста им се водилки низ животот, друго ништо не им е важно.

Скорпија
Кога ќе победат во сите важни животни борби и ќе ги пребродат сите проблеми, староста ќе ја посветат на размислување за нивните битки. Никогаш нема да се препуштат на годините, ќе се занимаваае со разни активности.

Стрелец
Заштитен знак на староста кај овој знак ќе бидат мудрите совети кои ќе ги делат кому стигнат. Постои можност да се повлечат во себе, но со ведриот темперамент ќе успеат да ги надминат.

Јарец
Староста на јарецот е често убава. Овие луѓе уживаат во староста, некогаш дури и повеќе отколку во помладите
денови.

Водолија
Никогаш не е предоцна да научите да возите кола, занимавајте се со јога, дури и кога ќе имате 80 години.
За вас нема да постои класична старост, бидејќи нема да се чуствувате стари или барем тоа никогаш нема
да го признаете.

Риби
Нема да биде необично ако рибите се малку намќорести во својот свет, но досетливите риби ќе бидат во состојба да најдат нешто што ќе ги расположи. Не грижете се ако староста ја поминете во неработење. Во тоа ќе уживате.

Текстот Какви се хороскопските знаци во староста е превземен од Reporter.mk.