Канскиот филмски фестивал нема да се одржи ни во јули

Филмскиот фестивал во Кан нема да се одржи ниту во јули, соопштија организаторите на фестивалот. Откако организаторите решија дека не постојат услови Канскиот фестивал да се одржи од 12 до 23 мај, тие како опција избраа датуми во јули, но сега и тие се откажани. Засега е познато само дека дел од програмата на фестивалот ќе се одржи онлајн.

Одложувањето на новиот датум на фестивалот се случи откако францускиот претседател Емануел Макрон објави дека се забранети сите масовни собирања до средината на јули поради пандемијата со ковид-19.

Текстот Канскиот филмски фестивал нема да се одржи ни во јули е превземен од Reporter.mk.