Ким Џонг-ун секогаш носи приватен тоалет со себе

Севернокорејски лидер Ким Џонг-ун каде и да патува, со себе секогаш носи приватен тоалет, потврди поранешниот командант во севернокорејската војска, Ли Јун-кеол за „Вашингтон пост“. Тој вели дека во ова нема ништо лудно, а дека Џонг-ун го носи тоалетот со себе заради заради заштита на информациите што за него може да ги даде неговиот измет.

„Лидерот на Северна Кореја има свој приватен тоалет кој го носи секаде каде што патува. Неговата столица содржи информации за неговата здравствена состојба, така што не може да ја остава насекаде“, објаснил Ли.

Тој додал и дека лидерот има вградени тоалети во сите свои возила.

Текстот Ким Џонг-ун секогаш носи приватен тоалет со себе е превземен од Reporter.mk.