Кире од Битола бара помош повторно да прооди

30-годишниот Кире Главинчевски, татко и сопруг, од Битола веќе пет години е парализиран. Не може да оди. Тој и неговото семејство бараат помош, финансиски средства со кои ќе може да ја плати трансплантацијата на матични клетки во Панама, за повторно да прооди.

„Во 2013 година доживеав несреќа при скок во вода и оттогаш сум неподвижен во инвалидска количка. За да се подобри мојата состојба последна надеж ми е трансплантацијата на матични клетки во рбетниот столб што треба да се направи во Центарот за трансплантација на матични клетки во Панама (https://www.cellmedicine.com/). За операцијата ми се потребни финансиски средства кои јас и моето семејство не можеме да ги обезбедиме па затоа ве замолувам за помош за семејство повторно да ме види на нозе. Однапред ви благодарам за помошта“, вели Кире.

За Главчевски е отворена сметка за донации.
Жиро сметка
210-7000006469-32 NLB Banka
Девизна сметка
Kire Glavincevski
Ul.Car Samoil Br.140/2-6 Bitola
IBAN Code MK07210501609611550
Bank Name NLB BANKA AD SKOPJE
Bank Address Majka Tereza br.1
Country MAKEDONIJA
SWIFT TUTNMK22

Текстот Кире од Битола бара помош повторно да прооди е превземен од Reporter.mk.