Ќе се снима филм за Витни Хјустон

Наскоро во Холивуд ќе почне да се снима филм посветен на животот на Витни Хјустон. Филмот ќе се вика „Сакам да танцувам со некого“, а според еден од најголемите хитови на починатата пејачка.

Според продуцентите на филмот, тој ќе биде „радосна и емотивна прослава на животот и музиката на Хјустон“, но додадоа и дека филмот ќе биде искрен и ќе зборува за проблемите на пејачката со дрогата и за цената што ја плати суперѕвездата.

Хјустон, која е најпозната по хитовите I Will Always Love You и Saving All My Love for You, почина на 48-годишна возраст во 2012 година. Таа беше пронајдена мртва во својот апартман во хотелот „Беверли Хилс“, каде што престојувала како гостинка. Истрагата покажа дека таа се удавила во када и дека претходно земала кокаин. Пејачката долги години беше зависник од дрога, но и жртва на семејно насилство, бидејќи нејзиниот поранешен сопруг, Боби Браун, често ја тепаше додека беа во брак.

Текстот Ќе се снима филм за Витни Хјустон е превземен од Reporter.mk.