Ќерка на милионер победи во музичко шоу со лажни гласови

Резултатот од финалето на музичкото натпреварување за деца The Voice Kids во Русија се поништени откако е утврдено дека 10-годишната Микела Абрамова победила благодарение на илјадици лажни гласови. Ќерката на рускиот милионер  Јан Абрамов и пејачката Алсое, освоила 56,5% од гласовите, но државната телевизија „Канал 1“ добила бројни реакции и тужби. За да го смири револтот, раковдството на телевизијата ангажирала фирма која се занимава со безбедносни проблеми на интернет. Тие требале да откријат колку гласови навистина добила ќерката бизнисменот.

Обвинувањата за лажирање на гласовите се покажале точни, дека се во прашање илјадници лажни гласови и дека тоа влијаело на крајниот резултат. Затоа, изборот бил поништен, а за победник е прогласен второпласираниот учесник во шоуто.

Текстот Ќерка на милионер победи во музичко шоу со лажни гласови е превземен од Reporter.mk.