Колинда во друштво на осуден криминалец

Хрватите се пласираа во полуфиналето на Светското првенство, а победата ја прослави со танц и нивната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

Но, хрватските медиуми забележаа со кога Колинда седела во ВИП ложата, каде покрај капитенот од деведесетите години на „коцкастите“ Давор Шукер, се најде и Дамир Врбановиќ, поранешен извршен претседател на Динамо Загреб, кој сега е директор во Фудбалскиот сојуз, кој во јуни беше осуден на три години затвор поради обвинувањата поврзани за фудбал.

Многу медиуми пренесуваат дека е голем скандал за еден претседател на една држава да седи заедно на јавно место со осуден криминалец!