Концерт на Лиза Жерард и „Мистери оф булгариан воисес“ во Македонска филхармонија

Една од најголемите светски музички атракции, The Mystery of the Bulgarian Voices, на 8 октомври (вторник) ќе настапат во Македонска филхармонија во Скопје, заедно со австралиската уметница Лиза Жерард.

Откако пред 30 години ја освоија Греми наградата за светски албум на годината, некогашниот женски хор на Бугарската радиотелевизија, The Mystery of the Bulgarian Voices, доживеа светска слава и статус на еден од најпосебните вокални ансамбли воопшто. Тие во своите проекти ја негуваат автентичната вокална традиција и ја поврзуваат со современите музички правци. Една од таквите соработки е со Лиза Жерард, од легендардното австралиско дуо Dead Can Dance.

Билетите за концертот можат да се набават на билетарницата на МКЦ или онлајн.

 

 

Текстот Концерт на Лиза Жерард и „Мистери оф булгариан воисес“ во Македонска филхармонија е превземен од Reporter.mk.