Кoронавирусот ја зеде првата жртва во светот на фудбалот

Коронавирусот од кој починаа голем број луѓе ширум Европа и светот, ја зема и првата жртва во светот на фудбалот. Од опасниот вирус почина тренерот на шпанскиот клуб Атлетико Портада Алта од Малага, Франсиско Гарсија.

Гарсија имаше само 21 година, а почина неколку часа откако клубот соопшти дека неговата состојба е стабилна. Тој работеше како тренер на младиот тим на нисколигашот Атлетико Партада Алта, кога поради симптоми на коронавирус беше испратен на тестирање.

Покрај што бил позитивен на коронавирус, Гарсија боледувал и од леукемија. Токму таа комбинација на болести се покажала како смртоносна за младиот тренер. Коронавирусот погоди голем број спортисти и фудбалски ѕвезди низ целиот свет.

Текстот Кoронавирусот ја зеде првата жртва во светот на фудбалот е превземен од Reporter.mk.