Кралицата му даде дозвола на принцот Ендру да се повлече од јавните должности

Кралицата Елизабета му даде дозвола на војводата од Јорк, принцот Ендру, да отстапи од јавните должности во иднина, поради притисокот од јавноста по неговото неодамнешно интервју дадено за „Би-би-си“.

Ендру беше на мета на критики веќе подолго време, поради неговиот близок однос со милијардерот и осуден педофил Џефри Епстајн. Тој во интервјуто кажа дека му е јасно тоа што неговото пријателство со Епстајн ќе предизвика големи пореметувања во работата на кралското семејство.

Исто така Ендру кажа дека е подготвен да помогне на каков било начин со цел докрај да се истражи случајот со сексуалното злоставување на младите девојки од страна на Епстајн, кој се уби во затвор додека го чекаше судењето.

Ендру поради интервјуто за „Би-би-си“ беше приморен да ја откаже посетата на неколку градови во Јужен Јоркшир.

Текстот Кралицата му даде дозвола на принцот Ендру да се повлече од јавните должности е превземен од Reporter.mk.