„Кренберис“ објавија албум со песни од Долорес О’Риордан

Членовите на „Кренберис“ го промовираа албумот „На крајот“ (In the End), на кој работеа заедно со починатата пејачка Долорес О’Риордан. Откако пејачката беше пронајдена мртва лани на 15 јануари во хотел во Лондон, тие престанаа да работат на албумот. Но, бидејќи Долорес ги снимила повеќето песни за она што требаше да биде последен албум на групата, Мајк и Ноел Хоган и Фергал Лоулер, одлучија да го довршат и да го издадат албумот во нејзино сеќавање.

По смртта на Долорес, бевме доста збунети и се соочивме со прашања што да правиме со материјалот. Ја имав сета таа музика во компјутер и се мислев дали да ја слушам, дали да ја заборавам. Потоа го контактирав нашиот продуцент Стивен Стрит, кој ни сугерираше дека е најдобро веднаш да го издадеме албумот“, рекол басистот Мајк Хоган за британските медиуми.

Со дозвола од семејството на О’Риордан, тој почнал да ги преслушува демо снимките на кои работеле од јни 2017 година и избрал што да се најде на новиот албум.

Откако ја снимивме последната песна ‘Крај’, бев свесен дека тоа е последен пат ние тројца да свириме заедно како ‘Кренберис’. Веќе не се гледам себеси во тој бенд, тоа е зад мене. Од друга страна, овој албум го претставува новиот почеток што Долорес го сакаше за себе. Таа сметаше дека завршува со еден лош период од својот живот и дека ова е ново поглавје“, додал Хоган.

Текстот „Кренберис“ објавија албум со песни од Долорес О’Риордан е превземен од Reporter.mk.