Лавови нападнаа жена во Зоолошка градина во Австралија

Два лава нападнале вратебон во Зоолошката градина во Австралија, пренесува „Би-Би-Си“. Триесетгодишната жена, претрпела тешки повреди на лицето и вратот, откако била нападната од дивите ѕверови.

Немилиот настан се случил во Зоолошката градина Шолхејвен, на оддалеченост од околу 150 километри од градот Сиднеј.

Жената додека го чистела кафезот, била нападната од лавовите, а подоцна била најдена онесвестена со тешки повреди на главата. Веднаш била префрлена во најблиската болница во Сиднеј, каде се наоѓа до ден денес и е во критична состојба.

Зоолошката градина е затворена од 25. март, поради коронавирусот, пишува „Би-Би-Си“. Претходно, сличен ваков инцидент се случил во 2014 година, кога крокодили нападнале еден од работниците и го повлекле со себе во водата, за време на презентацијата пред посетителите. Мажот го преживеал нападот, но се здобил со повреди на раката.

 

 

Текстот Лавови нападнаа жена во Зоолошка градина во Австралија е превземен од Reporter.mk.