Лекарите ги раздвоија сијамските близначки Нима и Дава

Во операција што траеше 6 часа, лекарите во болница во Мелбурн, Австралија успешно ги раздвоија едногодишните сијамски близначки од Бутан, Нима и Дава. Близначките биле споени кај градите и кај карлицата, а лекарите морале да го раздвојат и црниот дроб на девојчињата. Главниот хирург докторот Џо Крамери, рекол дека најтешка задача им била реконструкцијата на стомакот, но дека се надева дека девојчињата успешно и брзо ќе се опорават.

„Ќе бидат предизвик наредните 24 до 48 часови, како што е случајот и кај која било друга операција. Се надеваме дека резултатите ќе бидат добри“, рекол Крамери, началник на педијатрија во болницата во Мелбурн.

Девојчињата и нивната мајка стигнаа во Австралија минатиот месец со помош на хуманитарна организација која заедно со државата Викторија ги покри трошоците за операцијата. Тие се погрижија за транспортот и за сместувањето на мајката и бебињата.

Текстот Лекарите ги раздвоија сијамските близначки Нима и Дава е превземен од Reporter.mk.