Лица со попреченост ќе пеат на гала вечер во Струмица

Десеттина лица со попреченост ќе пеат на гала вечерта што ќе се одржи на 16 февруари во хотелот „Вила парк“ во Струмица. Ова е првпат лицата со попреченост од Македонија да бидат вклучени во ваков музички настан. Нив ќе ги придружуваат искусни музичари, членови на музички групи од Струмица и професори по музичко воспитување.

Гала вечерта ја организира здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром, Вера. Тие испратија отворен повик до сите лица со попреченост од целата земја што сакаат да учествуваат на манифестацијата. Настанот ќе се одржи под мотото „Вера, надеж, љубов, музика“.

Влезниците за гала настанот се продаваат по цена од 100 денари.

Не е првпат здружението „Вера“ да организира настан од овој вид. Тие неколку години по ред организираат хуманитарна модна ревија во која се вклучени и лицата со попреченост.

 

Текстот Лица со попреченост ќе пеат на гала вечер во Струмица е превземен од Reporter.mk.