Љубовната советничка на Хари со совети како да ја најдете сродната душа

Многу двојки влегуваат од врска во врска како би ја пронашле сродната душа. За да имате љубов како онаа на Меган и Хари, пратете ги овие совети.

Експертите заклучиле дека првата недела во годината е најдобриот ден за пронаоѓање на вистинската љубов. Но ако тоа не успеа да ви се случи, не очајувајте. Не е потребно да чекате до идниот почеток на годината.

Наместо да плачете над својата судбина, љубовната советничка Лара Аспреј, на која дури и Хари ѝ се обратил за помош пред да ја запознае Меган Маркл, издвои неколку совети кои можат да ви помогнат при пронаоѓањето на вистинска љубов.

1. Потрудете се

Ако барате љубов со помош на апликација за состанување, не е доволно само да го отворите профилот и да чекате да ви се посреќи.

„80% е поголема веројатноста дека ќе добиете одговор доколку ставите нешто во својата биографија – само неколку редови за вас и околу она што ви се допаѓа“, објаснува Лара.

2. Бидете интересни

„Олеснете им на луѓето преку разговор со вас“, советува љубовната советничка На пример, доколку запознаете некоја која сака да готви, секогаш можете да разговарате за одличните рецепти кои неодамна сте ги испробале или околу рестораните кои сте ги посетиле.

3. Дами, бидете елегантни отколку секси

Ако сакате да најдете својата вистинска љубов со помош на апликација, бидете интересни и не користете секси фотографии.

„Не покажувајте ги нозете и рацете. Сликајте ја својата насмевка“, советува Аспреј.

4. Угаснете го стариот пламен

Ако упорно се враќате на старата љубов, никогаш нема да ѝ дадете прилика на некоја нова. Тргнете се од минатото и конечно завршете ја таа приказна.

5. Не го отпишувајте некого поради неговите години

Помладите мажи можат среќно да живеат крај постари жени од себе, а тоа вреди и обратно. Годините не се гаранција за квалитетна врска.

6. Уморни сте од обидувања? Одморете се.

Ако одеднаш почувствувате дека вас ве „гуши“ и ве заморува барањето на љубов, земете здив. Ништо не оди на сила.

7. Состанокот не е интервју

Немојте да одите на првиот состанок со куп прашања и да ги поставувате како да е на интервју за работа. Нека разговорот биде опуштен и слободно дофрлете некоја досетка. Ако ништо друго, ќе сфатите дали вие и вашиот потенцијален партнер имате слична смисла за хумор.

8. Не пијте многу на состанокот

Можеби мислите дека некоја чашка алкохолен пијалак ќе ви даде храброст, но сето тоа би можело да прејде во погрешен правец. Затоа, застанете на една или две чаши пијалак.

9. Бидете со отворен ум

Немојте веднаш да ги отпишувате луѓето доколку заклучите дека немате исти интереси, ниту пак да ги ставате во калапи врз основа на првиот впечаток. Таквото однесување повеќе зборува за вас, него за нив, а на повеќето им е потребно да поминат некое време со друга личност како би виделе дали ќе „кликнете“.

Текстот Љубовната советничка на Хари со совети како да ја најдете сродната душа е превземен од Reporter.mk.