Лука Модриќ заработува милиони, а се шета со телефон од 100 евра

Најдобриот фудбалер на светот според изборот на ФИФА, Лука Модриќ ги запрепасти сите кога на доделувањето на наградите од џебот го извади мобилниот телефон.

Иако сите од фудбалерот кој во Реал Мадрид заработува милиони, очекувале да има најнов модел на телефон, Модриќ ги изненади со својата скромност.

Хрватот поседува уред кој би можеле да си го дозволат и оние кои не се богати како него. Моделот е стар од 2013 година и досега цената му е падната до толку што истиот може да се најде по цена од 100 евра.

Поради тоа, Модриќ се најде на мета на критика на јавноста.

 

Текстот Лука Модриќ заработува милиони, а се шета со телефон од 100 евра е превземен од Reporter.mk.