„Мадам Тисо“ ги тргна восочните фигури на Меган и Хари

Музејот за восочни фигури „Мадам Тисо“ во Лондон ги оддели восочните фигури на Хари и Меган од оние на кралското семејство. По изјавата на Хари и Меган дека ќе се повлечат од нивните кралски должности, музејот ги тргна од местото каде што беа поставени заедно со фигурите на кралицата Елизабета, принцот Филип, Кејт и Вилијам.

„Ние, заедно со остатокот од светот, реагиравме на изненадувачките вести дека војводата и војвотката од Сасекс ќе се повлечат од кралските должности. Од денес, фигурите на Меган и Хари нема да стојат со оние на кралското семејство,“ изјави Стив Дејвис, генералниот менаџер на „Мадам Тисо“.

Тој додал дека фигурите на Меган и Хари нема да бидат целосно отстранети, туку дека ќе бидат поставени на друго место, бидејќи се најпопуларните експонати во музејот.

Текстот „Мадам Тисо“ ги тргна восочните фигури на Меган и Хари е превземен од Reporter.mk.