Мајка на четири деца е најубава мажена жена на светот

Гинекологот Ксенија Вербицкаја од Санкт Петербург е избрана за најубава мажена жена, Мисис Јуниверзал класик, што се одржа во Софија. На натпреварот беа пријавени 36 натправарувачки. 43-годишната Русинка, мајка на три ќерки и еден син, лани победи на натпреварот за убавина во Санкт Петербург со што доби право да ја претставува Русија. Во финалето, Ксенија носела црвено-бел фустан, а ја испеала шпанската песна Besame Mucho.

„Ме преплавија емоции! Им се заблагодарувам на сите мили личности. Ги чувствувам вашата љубов и поддршка! Ви благодарам“, им се заблагодарила Ксенија на Инстаграм на сите што ја поддржале.

Инаку, пред неколку години, некоја нејзина пациентка ја советувала да учествува на овој натпревар за убавина, но тогаш Ксенија не можела да се натпреварува бидејќи била бремена со четвртото дете. За учество во овој натпревар, кој се одржува од 2007 година, условите се жената да биде мажена, да ги има реализирано нејзините амбиции во кариерата и да има најмалку 40 години.

View this post on Instagram

MrsUniversal Classic 2020👑🇷🇺

A post shared by Ksenia (@verbksenia) on

Текстот Мајка на четири деца е најубава мажена жена на светот е превземен од Reporter.mk.