Македонија е избрана за трета најдобра дестинација за патување во 2020 година

Најпознатиот светски туристички сајт „Лоунли Планет“ ја избра Македонија како трета најдобра туристичка дестинација за 2020 година. Според нивната интернет страница, секоја од локациите е избрана поради нивната „тропичност, уникатни искуства и вчудовидувачкиот фактор“.

„Ретки се можностите да одбележиме ребрендирање на земја. Таков е случајот со Северна Македонија, место најпознато само како Македонија, која има свежо ново име по децениската политичка дебата со соседната Грција. Договорот, потпишан во 2018 година, обезбеди убав момент на соседна љубов и го преобрази меѓународниот углед на малата нација во срцето на Балканот“, се наведува во текстот објавен на „Лоунли планет“.

„Земјата веќе беше препознатлива по гастрономијата, античката традиција и природата, но вљубениците во културата и авантурата ќе најдат нови изговори за да ја посетат во 2020 година со дополнителни летови до УНЕСКО заштитеното Охридско Езеро и новоотворената ‘Хај Скардус треил’, патека долга 495 километри покрај највозбудливите врвови на регионот“, додаваат од туристичкиот сајт.

На првите две места, како најдобри дестинации за 2020 година се Бутан и Англија, додека во првите десет се наоѓаат и Аруба, Свазиленд, Костарика, Холандија, Либерија, Мароко и Уругвај.

Текстот Македонија е избрана за трета најдобра дестинација за патување во 2020 година е превземен од Reporter.mk.