Македонското знаме на статуата на Исус Спасителот во Рио

Македонското знаме се најде на огромната статуа на Исус Спасителот во Рио де Жанеиро. Статуата деновиве е осветлена со знамиња на сите земји од светот кои во моментот се борат против коронавирусот.

Иако претходно статуата често беше осветлувана со боите на различни знамиња, првпат на неа се гледаат вистинските знамиња на сите земји.

Фото: А.П.

Текстот Македонското знаме на статуата на Исус Спасителот во Рио е превземен од Reporter.mk.