Малезискиот крал истовремено бил во брак и со руска мисица и чешка манекенка

Малезискиот крал Мухамед Петти, кога се оженил за руската мисица Оксана Воеводина, веќе бил во брак со чешката манекенка Диана Петра. Ова за руските медиуми го објави Оксана, која тврди дека Диана ѝ се јавила на телефон два дена по нивната венчавка и тврдела дека таа е негова законска сопруга.

„Два дена по венчавката мојот живот се промени. Телефонот заѕвоне, а на екранот го пишуваше името Боб. Помислив дека е негов пријател. Кога кренав, од другата страна слушна женски глас, која викаше дека таа е жената на Мухаед“, изјавила Оксана која објаснила дека по тој телефонски повик, почнале кавгите со Мухамед.

Кралот ѝ објаснил дека таа е неговата поранешна сопруга, која не знаела дека повторно се оженил.

„Ми кажа дека јас сум неговата единствена жена“, изјавила Оксана.

Таа вели дека Петра контактирала ѝ со нејзиниот татко, на кого исто така му кажала дека таа е законска сопруга на малезискиот крал. Оксана во интервјуто кое го направила со руска новинарка, го покажала сертификатот на кој се гледа дека султанот во 2010 година се оженил за чешката манекенка.

Султанот Мухамед засега се нема огласено по повод новите обвинувања. Тој тврди дека Оксана е таа која го изневерила со помлад дечко и решил да се разведе кратко време откако го видел видеото од нив двајцата.

Султанот го искористил исламскиот закон за да се ослободи од Оксана. Претходно за да се ожени со неа, тој мораше да абдицира од престолот. Двајцата кратко време беа во брак. Од тогаш се во постојана правна битка околу финансиската поддршка и докажувањето на татковството на деветмесечниот син на Оксана Леон.

Оксана тврди дека тој е на кралот, додека Мухамед ги негира ваквите наводи.

 

 

 

 

 

 

Текстот Малезискиот крал истовремено бил во брак и со руска мисица и чешка манекенка е превземен од Reporter.mk.