Манекен почина среде писта за време на ревија

Бразилскиот манекен Талес Соареш почина на писта, откако му се слошило за време на модна ревија. 26-годишниот манекен настапувал на ревијата на модниот бренд „Окса“, во рамките на Модната недела во Сао Паоло. Тој се сопнал на врвките и паднал, а публиката во прв момент мислела дека тоа е дел од настапот, пишува локалниот весник „Дејли фолја“. Лекарите веднаш му укажале помош, по што бил пренесен во болница, а таму само била констатирана смрт. Други детали за трагичниот настан не се објавени.

Со соопштение по ревијата излезе и модната компанија „Окса“.

„На Соареш наеднаш му се слоши за време на нашата ревија. Целиот тим е шокиран. Сочувство до семејството“, стои во соопштението.

Текстот Манекен почина среде писта за време на ревија е превземен од Reporter.mk.