Јапонски политичар, платил 2,3 милиони евра за да ја купил невиноста на манекенката Махбубе Мамаџаде (23) од Азербејџан. Таа под псевдонимот „Марија“ ја понудила својата невиност на јавна аукција и напишала дека сака да заработи за да ја направи горда својата мајка. Освен ова, таа бара и спонзор кој месечно би ѝ давал по 30.000 евра.
Манекенката го објавила огласот на германски специјализиран сајт. Аукцијата завршила пред два дена. Втор бил адвокат од Лондон, а трет фудбалер од Минхен. Според правилата на аукцијата, девојката доставила леккарска потврда дека е невина, а јапонскиот политичар се обврзал 10% од сумата да плати однапред и да резервира хотелска соба.
Според германските медиуми, политичарот и манекенката треба да се сретнат некаде во Германија, каде што продажбата на секс е лагална.
Менекенката во пријавата напишала дека со парите сака да купи куќа и да патува по светот со својата мајка. „Сакам да живеам во САД и таму да ја продолжам манекенската кариера. Мојата мајка направи досега се за мене и сега е на мене редот да ја направам горда“, рекла Махбубе.
Текстот Манекенка ја продала невиноста за 2,3 милиони евра на јапонски политичар е превземен од Reporter.mk.