Манекенка ја продала невиноста за 2,3 милиони евра на јапонски политичар

Јапонски политичар, платил 2,3 милиони евра за да ја купил невиноста на манекенката Махбубе Мамаџаде (23) од Азербејџан. Таа под псевдонимот „Марија“ ја понудила својата невиност на јавна аукција и напишала дека сака да заработи за да ја направи горда својата мајка. Освен ова, таа бара и спонзор кој месечно би ѝ давал по 30.000 евра.

Манекенката го објавила огласот на германски специјализиран сајт. Аукцијата завршила пред два дена. Втор бил адвокат од Лондон, а трет фудбалер од Минхен. Според правилата на аукцијата, девојката доставила леккарска потврда дека е невина, а јапонскиот политичар се обврзал 10% од сумата да плати однапред и да резервира хотелска соба.

View this post on Instagram

🐾 #burjalarab #uae 🇦🇪

A post shared by Love Dogs🐾 (@mahbuba_mammadzada) on

Според германските медиуми, политичарот и манекенката треба да се сретнат некаде во Германија, каде што продажбата на секс е лагална.

Менекенката во пријавата напишала дека со парите сака да купи куќа и да патува по светот со својата мајка. „Сакам да живеам во САД и таму да ја продолжам манекенската кариера. Мојата мајка направи досега се за мене и сега е на мене редот да ја направам горда“, рекла Махбубе.

Текстот Манекенка ја продала невиноста за 2,3 милиони евра на јапонски политичар е превземен од Reporter.mk.