Манекенка со Даунов синдром на модната недела во Њујорк

Софија Јирау од Порторико стана вистинска модна сензација откако на почетокот на февруари се појави на модната недела во Њујорк. Софија е родена со Даунов синдром, а во Њујорк за првпат прошета на модна писта.

„Навистина добро се чувствувам. Сите ми ракоплескаа“, рекла Софија за People.

Софија има свој сопствен бренд по име Alavett. Продава разни модни додатоци, а сонот ѝ е да стане инспирација на сите слични на неа.

На Инстаграм ја следат повеќе од 80 илјади луѓе, а реакцијата на нејзиниот прв манекенски излет се фантастични.

„Прекрасна“, „Браво Софија“, „За тебе не постојат граници“, „Колку си убава“, „Горда сум“, се само некои од коментарите.

 

Текстот Манекенка со Даунов синдром на модната недела во Њујорк е превземен од Reporter.mk.