Мапа на најсреќни нации во светот

Мапа направена во 2017 година, која ги покажува најсреќните нации во светот, предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Многумина во јавност си го поставуваат прашањето за тоа која е најсреќната нација во светот.

Во медиумите своевремено се појавува информација дека граѓаните на Бутан се најсреќните луѓе на светот.

Оваа мапа го дава одговорот за која земја има среќни жители.

Најмалку среќно население имаат државите на Балканот, како Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Албанија и Бугарија.

Додека други држави, како на пример, Србија, Романија и Словенија имаат малку подобра позиција и спаѓаат во групата на малку среќни земји.

Корисниците на Редит во коментарите пишуваат дека веројатно ова можеби е поради тоа кој со кого се граничи. Тие наведуваат дека можеби населението во Србија е посреќно само затоа што се оваа земја се граничи со Македонија, каде населението се смета за помалку среќно.

Кога говориме за останатите земји кои спаѓаат во групата на најсреќни, тука може да се споменат и Ирска, Германија, Данска, Норвешка, Шведска, Финска и други.

На пониските позиции од нив спаѓаат земјите кои се окарактеризирани само како среќни, а тоа се Обединетото Кралство, Франција, Шпанија, Италија, Русија и други.

 

 

 

 

Текстот Мапа на најсреќни нации во светот е превземен од Reporter.mk.