Маркетиншки трикови за да верувате на козметичките производи

Многу често, рекламата или привлечното пакување – се, всушност, фактори по кои го бираме новото средство за сопствена нега.

Често пати сакаме да ѝ поверуваме на рекламата и да го купиме токму тој крем која ќе нѐ разубави, подмлади и ќе ни ги избрише брчките.  Репортер подготви за вас краток список на најраспостраните маркетиншки трикови:

Мит број 1: Колку е попознат брендот, толку е подобар ефектот

Ефикасноста на козметичките производи е условена исклучиво од нивниот хемиски состав. Спрема тоа, ни брендот, ни компанијата која го произведува, ниту цената не го прави препаратот автоматски ефикасен.

Мит број 2: Козметика за против стареење

Како и во младоста, а посебно во зрелата доба – одредете го својот тип на кожа и користете средства кои Вам ви одговараат. Одредете производ кој ќе ви ја хидрира кожата, ќе ѝ даде еластичност, а притоа и ќе ја негува.

За жал, креми против старост не постојат.

Мит број 3: За нега на полето околу очите, потребна е посебна крема

Кремата за нега околу очите не се разликува од кремата за лице. Тоа е таа иста крема, само во помало пакување и прилично поскапа. Познатиот натпис на амбалажата „избегнувајте го полето околу очите“ треба да се сфати буквално како: кремата не треба да има контакт со очите. Сѐ е толку едноставно.

Мит број 4: Целуитот може да се отстрани со помош на крема

Кога тоа би било вистина, фотомоделите би престанале да користат фотошоп. За жал, засега не постои никаков научен резултат за било какви козметички компоненти, кои ги помогнале при ослободувањето од целуитот.

Кај целуитот, најефикасни се диетите, фитнесот, и третманите кои влијаат на поткожното сало, но кремите со ваквата намена дефинитивно се неефикасни.

Мит број 5: Огранската козметика е подобра од обичната

Всушност, целата таа огранска козметика е – обичен пи-ар трик. Присуството на органската содржина во составот на препаратот, не ја потврдува неговата делотворност. Таканаречената „органска козметика“ може да биде безбедна, затоа што не содржи список на „страшни“ супстанци, но тоа не ја прави автоматски ефикасна.

Текстот Маркетиншки трикови за да верувате на козметичките производи е превземен од Reporter.mk.