Маж загина на Евросонг, му падна рефлектор врз глава

66-годишниот возач на камион Фулди Шварц почина на Евровизија, откако врз него паднал рефлектор додека траеле подготовките за музичкиот натпревар. Мажот по инцидентот бил пренесен во болница, но таму била констатирана смрт.

„Засега не обвинуваме никого. Но, како е можно да се случи вакво нешто на настан каков што е Евросонг, каде што се вложени толку пари“, изјавиле членовите на семејството за израелските медиуми.

Полицијата почнала истрага за инцидентот, а според магазинот IQ, првичните сознанија од истрагата се дека на уредите за осветлувањето на се работело според прописите.

Организаторот на Евровизија, Израел, жали за инцидентот и испрати сочувство до семејството на загинатиот возач.

Текстот Маж загина на Евросонг, му падна рефлектор врз глава е превземен од Reporter.mk.