„Медена земја“ е најдобар филм за 2019 според „Њујорк тајмс“

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ е избран за најдобар филм во 2019 година според филмските критичари на „Њујорк тајмс“. Филмот вчера доби награда и од Друштвото на њујоршки филмски критичари, кои го прогласија документарецот во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е најдобар за 2019.

„Замислен како владино-спонзорирано информативно видео, овој документарец не е ништо помалку од еп, алегорија за животната средина во реалноста и не помалку жестока комедија за вечниот проблем сo незгодните соседи“, стои во описот за документарецот.

На листата, која ја состави реномираниот критичар А. О. Скот се најдоа и „Ирецот“ на Мартин Скорсезе, „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино и корејскиот „Паразит“ на Бонг Јон-хо.

Доделувањето на наградата од Друштвото на њујоршки филмски критичари, пак, ќе се одржи на 7 јануари. И тука, меѓу останатите добитници, се најде „Ирецот“ на Скорсезе, кој доби награда за најдобар филм и за најдобар спореден глумец за Џо Пеши. Антонио Бандерас ја освои наградата за најдобар актер за улогата во „Болка и слава“ на Педро Алмодовар, а за најдобра актерка е прогласена Лупита Нјонго за актерската игра во „Нас“.

Текстот „Медена земја“ е најдобар филм за 2019 според „Њујорк тајмс“ е превземен од Reporter.mk.