„Медена земја“ е осмиот најдобар филм за 2019 година

Македонскиот документарен филм „Медена земја“, на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, се наоѓа на осмото место на листата на најдобри филмови за 2019 година која ја прави интернет-сајтот за филмски критики Rotten Tomatoes.

Нивната листа се надополнува секоја недела, а македонскиот документарец, во кој е прикажан животот на Атиџе Муратова, добил 99% позитивни оценки од критичарите на интернет-страницата.

„Ова е еден од најдобрите филмови годинава… Одново и одново, додека го гледав, се прашував – како го снимиле овој кадар?“, вели критичарката Кристи Лемир, од FilmWeek.

„Елегантен филм… почнува како интимен портрет на плечарката која прави славно убав мед, а потоа се проширува во парабола“, пишува Џон Пауерс од NPR.

На листата на Rotten Tomatoes се наоѓаат вкупно 120 филмови од оваа година. Меѓу нив се и некои од најголемите холивудски блокбастери како „Авенџерс“ и „Капетанот Марвел“, но и филмови како „Павароти“ на Рон Хауард и „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино.

На првото место на листата се наоѓа корејскиот филм „Паразит“.

Минатата недела своето воодушевување од „Медена земја“ јавно го кажа и светската ѕвезда Сара Џесика Паркер. Таа тогаш ги повика сите свои пријатели и фанови да го погледнат филмот во кино и рече дека овој документарец заслужува Оскар.

Сара Џесика Паркер ја избриша Македонија од „Медена земја“

Текстот „Медена земја“ е осмиот најдобар филм за 2019 година е превземен од Reporter.mk.