„Медена земја“ може да се гледа и во авионите на „Бритиш ервејс“

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ сега можат да го гледаат и патниците што летаат со британската авиокомпанија „Бритиш ервејс“. Ова го сподели на „Фејсбук“ новинарката Маја Петрушевска, која долги години живее во Лондон и работи во „Би-би-си“. Маја, која е сестра на глумицата Весна Петрушевска, објави слика со коментар дека филмот номиниран за Оскар им е достапен на патниците што летаат на меѓуконтиненталните летови.

„’Медена земја’ на долги летови на ‘Бритиш ервејс’“, напиша таа на „Фејсбук“.

За потсетување, доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 9 февруари во театарот „Долби“ во Холивуд. „Медена земја“ е номиниран во две ктегории, за најдобар документарен и за најдобар странски филм. На доделувањето на наградите ќе оди целата екипа на филмот, заедно со Атиџе.

Тања Кокев: „Ние не сме тие што треба да ѝ кажеме на Атиџе како да прошета на Оскарите“

Текстот „Медена земја“ може да се гледа и во авионите на „Бритиш ервејс“ е превземен од Reporter.mk.