Филмот „Медена земја“ не ја освои наградата за најдобар документарец на синоќешното доделување на Европските филмски награди во Берлин. Европскиот оскар, како што го нарекуваат, ја доби британско-американскиот документарец „За Сама“, кој го следи животот на Сиријката Ваад ал-Катеаб, еден од режисерите на филмот, за време на петгодишната војна во Алепо, кога ја добила ќерката Сама.
Освен „Медена земја“ во оваа конкуренција беа и документарците „Сведоците на Путин“ (Русија), „Исчезнувањето на мојата мајка“ (Италија/САД) и „Селфи“ (Франција/Италија).
Филмот на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов постојано освојува награди од премиерата и триумфот на „Санденс“ во февруари. „Медена земја“ е номиниран и за престижната американска награда Независен дух, додека номинациите за Оскар ќе бидат објавени на 13 јануари.
Текстот „Медена земја“ не го освои европскиот Оскар за најдобар документарец е превземен од Reporter.mk.