„Медена земја“ не го освои европскиот Оскар за најдобар документарец

Филмот „Медена земја“ не ја освои наградата за најдобар документарец на синоќешното доделување на Европските филмски награди во Берлин. Европскиот оскар, како што го нарекуваат, ја доби британско-американскиот документарец „За Сама“, кој го следи животот на Сиријката Ваад ал-Катеаб, еден од режисерите на филмот, за време на петгодишната војна во Алепо, кога ја добила ќерката Сама.

Освен „Медена земја“ во оваа конкуренција беа и документарците „Сведоците на Путин“ (Русија), „Исчезнувањето на мојата мајка“ (Италија/САД) и „Селфи“ (Франција/Италија).

Филмот на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов постојано освојува награди од премиерата и триумфот на „Санденс“ во февруари. „Медена земја“ е номиниран и за престижната американска награда Независен дух, додека номинациите за Оскар ќе бидат објавени на 13 јануари.

Текстот „Медена земја“ не го освои европскиот Оскар за најдобар документарец е превземен од Reporter.mk.