Меркел проговори за тресењето, канцеларката ќе издржи до крај на мандатот

Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека е подготвена да продолжи со својата работа по неколкуте напади на тресење кои ги доживеала. Таа се надева дека ќе ужива во животот откако ќе и помине и последнот мандат до 2021 година и кога ќе се повлече од функцијата на чело на државата.

„Можам да ја извршувам оваа одлука до крај. Како личност имам силен личен интерес за моето здравје и како што реков, 2021 година е година кога ќе заврши мојата политичка работа. Но, се надевам дека ќе имам живот и по политиката“, изјавила Меркел.

На прашањето како се чувствува, германската канцеларка пред новинарите одговорила дека сè е во ред со нејзиното здравје, а што се однесува до Германија, канцеларката вели дека најголемата европска економија минува низ нешто потешка фаза, по една деценија раст. Тоа Меркел вели дека е последица на неизвесноста во глобалната економија.

„Тоа за нас е поттик и тоа не само да продолжиме со работата во областа на истражувањето и развојот, туку и да ја стимулираме домашната економија“, изјавила Меркел на конференцијата за новинари.

Канцеларката додала дека солидарниот данок ќе биде намален за повеќето даночни обврзници, но дека нема да има големи реформи на данокот во корист на компаниите.

Меркел се осврнала и на брегзит, велејќи дека Велика Британија ќе остане партнер со Европската унија и кога земјата ќе излезе од неа, како и дека работата со идниот британски премиер ќе зависи од тоа, каков пристап има Европската комисија.

Од што боледува Меркел?

Текстот Меркел проговори за тресењето, канцеларката ќе издржи до крај на мандатот е превземен од Reporter.mk.