Местел натпревари и се коцкал, ѕвездата на Јувентус денес работи како келнер за да го прехрани семејството

Поранешниот уругвајски фудбалер Фабијан О’Нил, во текот на својата фудбалска кариера доживеал низа успеси и падови. Голем дел од времето додека престојувал во Италија го трошел на коцкање, а бил вмешан и во местење на натпревари во италијанскиот фудбалски шампионат. Во својот живот прокоцкал повеќе од 14 милиони долари и денеска мора да одгледува стока на ранч и да работи како келнер за да преживее со семејството.

„Додека играв во Серија А имав можност да наместам неколку натпревари. Од газдите добивме големи парични награди потоа. Се сеќавам кога играв за тимот на Калјари против Киево. И на едните и на другите ни одговараше нерешено. Мечот го договорив со капитенот на Киево и со некои од моите соиграчи. Потоа се обложивме дека натпреваорт ќе заврши нерешено“, раскажува О’Нил.

Иако на три минути од натпреварот, тимот Калјари водел со 2:1 преку погодокот на Диего Лопез, О’Нил натерал еден од соиграчите да направи грешка за да примат гол. На крајот резултатот беше израмнет.

„Моравме да го наместиме натпреварот. Во спротивно можеа да не убијат“, се присетува О’Нил.

Уругваецот признава дека наместил натпревар и додека играл како капитен за тимот на Перуџа. Тој го договорил резултатот исто како во мечот со Киево. Подоцна сите играчи се обложиле. Во текот на својата игра, пред се додека играл во Серија А водел лична војна со бројни фудбалери, а најголем непријател му бил играчот на Милан, Џенаро Гатузо.

„Кога потпишав за Јувентус бев идол кај младите фанови. Но, славата кратко ми траеше откако покрај мене почнаа да играат фудбалери како што се Зинедин Зидан. Само заради него сега навивам за Реал Мадрид”, вели поранешниот фудбалер.

О’Нил не тагува иако своето богатство го потрошил на алкохол, жени и ноќни забави. Тој е среќен со семејството, а најважно во животот му е да бидат заедно. Тој сега ги живее најубавите години во животот.

„Сега сум со мојата најголема љубов и околу мене ги имам вистинските пријатели, за разлика од времето кога бев богат и кога бев опкружен со лажни пријатели“, раскажува О’Нил.

Поранешниот уругвајски фудбалер е роден на денешен ден во 1973 година, во областа Такуарембо.

Текстот Местер натпревари ѝ се коцкал, ѕвездата на Јувентус денес работи како келнер за да го прехрани семејството е превземен од Reporter.mk.