Милијардер од Емирати приведен во Дубровник, не сакал да плати сметка од 50.000 евра

Синот на шеикот Хамадан бин Зајед ал Нахијан, од Обединетите Арапски Емирати, бил приведен од полицијата во Дубровник, затоа што не сакала да плати сметка од 50.000 евра, пишуваат хрватските медиуми.

Момчето кое пловело со луксузната јахта на неговиот татко долга 141 метар во Дубровник, заедно со друштво се забавувал во клубот Culture Club Revelin, во старото градско езеро.

Тамошните медиуми пишуваат дека момчет не сакало да ја плати сметката за пијалокот за хостесите. Момчето сметало дека тоа не е дел од неговите трошоци. Сметката ја направил еден од ВИП гостите на јахтата, кои ги почастил хостесите со скап шампањ.

Со алкохолот се послужиле и дел од гостите и другарите на принцот. Откако момчето одбило да ја плати сметката, се вмешало обезбедувањето на клубот, а подоцна интервенирала и полицијата која го привела момчето. Принцот завршил во полиција заедно со дел од гостите, кои откако се отрезниле, сватиле дека ја направиле сметката од 50.000 евра.

На крајот, принцот ја платил сметката со помош на другите гости. Од полицијата во Дубровник засега ги немаат потврдено овие информации. Без коментар биле и одговорните лица од клубот каде се забавувале принцот и неговите другари. Од таму велат само дека имаат деловна политика на заштита на приватноста на ВИП гостите.

Ова е втора посета на синот на шеикот во Хрватска. Богатството на неговото семејство се проценува на повеќе од 10 милијарди долари. Фирмите на неговиот татко имаат повеќе од 50.000 вработени, а тој е сопственик и на третата најголема јахта на светот, долга 162 метри, пренесуваат хрватските медиуми

Текстот Милијардер од Емирати приведен во Дубровник, не сакал да плати сметка од 50.000 евра е превземен од Reporter.mk.