Министерот за здравство на Нов Зеланд ги крши сопствените мерки

Министерот за здравје на Нов Зеланд, Дејвид Кларк ѝ се извини на премиерката Џасинда Ардерн откако бил виден како вози велосипед за време на блокадата на земјата поради коронавирусот.

Министерот се бранел дека тоа била единствената можност во денот кога тој можел да вежба, но е свесен дека ги прекршил препораките на сопственото министерство и се извини поради тоа.

„Свесен сум за моите грешки и јасно ми е сега дека не е време за било какви активности“, изјавил Кларк, кој бил фотографиран од случаен минувач кој во тоа време го паркирал своето комбе на паркинг во близина на неговата куќа.

Џасинда изјавила дека очкеува од министрите да ги следат упаствата кои ги бараат од граѓаните, но сеуште не појасни дали Кларк за оваа грешка ќе ја изгуби позицијата во владата, пишува „Гардијан“.

Нов Зеланд е на четвртото ниво на блокада поради епидемијата на коронавирусот, а на граѓаните им е кажано да останат дома и дозволена им е прошетка и рекреација, но замолени се да не се изложуваат на ризик од повреди.

Досега во Нов Зеланд потврдени се 71 нов случај на зараза. Вкупниот број на заболени се искачи на 868, а досега починала само една личност.

 

Текстот Министерот за здравство на Нов Зеланд ги крши сопствените мерки е превземен од Reporter.mk.